Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, информира дека попладнево околу 18 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец село Зелениково кон селоТаор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар. Според информации од терен нема жртви во несреќата.
Според ѐцук градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него. Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково го извести Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци да превземе мерки и активности во нивната надлежност, велат од ѐцук и додаваат:
– Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението, што е и направено. Екипата на ЈП во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности, информираат од ЦУК.