Сите ги растажи веста дека Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ го загубија своето со нетрпение очекувано бебе.
Tие неодамна открија дека младата пејачка е во блажена состојба и дека наскоро ќе се роди девојче, па никој не очекуваше ваков сплет на околности. Од друга страна, нејзината мајка Цеца, долго време се борела да остане бремена, пренесува курир.рс.
Цеца и Аркан се верија на Божиќ во 1995 година, се венчаа еден месец подоцна, а идниот сопруг го забележа на необичен начин.
-Се сеќавам дека имав шоу во Германија и купив Плејбој на бензинска пумпа. Го видов човекот на мојот живот во списанието! Не разбрав што пишуваше во интервјуто, само зјапав во неговата фотографија. Тој беше најмажествениот и најзгодниот маж што сум го видел си помислив: „Па ова е тој Аркан!“ Сакам да му бидам сопруга“, се присети Цеца.
Меѓутоа, бидејќи меѓу нив имало голема разлика во години, таа не сакала да им каже на родителите дека стапила во врска со Аркан. Сè им признала дури кога тој ја запросил.
„Им кажав дека ќе се омажам за Жељко, а мајка ми се радуваше: „На Шашиќ? Прекрасно. Тој е одличен тип.“ Тогаш реков: „Каков Шашиќ, се мажам за Жељко Ражнатовиќ Аркан!” За малку ќе се онесвестеа, иако претходно нешто слушнале од медиумите, но се надевале дека брзо ќе помине. Тогаш татко ми сериозно и ми се закани: „Ако се омажиш за него, ќе се одрекнам од тебе!“ Знаев дека само ме плаши, па реков: „Сите можете да се испоубиете, ќе се омажам за него затоа што го обожавам.“ Кога го запознаа, веднаш го засакаа“, истакна таа.
Фолк ѕвездата двата пати забременила преку ин витро оплодување, а во една прилика се осврнала на оваа за неа чувствителна тема.
„И двајцата сакавме деца. Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па отидов во болницата „Народни фронт“ на ин витро оплодување. Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во целата програма, иако беше очигледно дека нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца“, изјави пејачката која во 1995 година ги роди синот Вељко, а три години подоцна ќерката Анастасија. .
Најтешкиот ден во нејзиниот живот бил кога Аркан бил убиен на 15 јануари 2000 година во тогашниот хотел „Интерконтинентал“.
„Тоа е најлошиот и најтешкиот момент во мојот живот. Се обидов да ги потиснам тие трауматични слики, но тие и денес ми се пред очи. Тешко ми е да зборувам за убиството на таткото на моите деца. Жељко е присутен во нашите животи секојдневно често зборуваме за него.Тој е човекот кој ми го одбележа животот“, призна Цеца.
За неа се уште е многу болно што Анастасија и Вељко не се сеќаваат на својот татко.
„Жал ми е што Вељко и Анастасија не се сеќаваат на него. Беа бебиња кога го изгубија, Таса имаше година и пол, а Вељко три. Ги погодува кога ќе прочитаат нешто грдо за него, но тоа не може да се спречи „Научија да живеат со непријатни ситуации. Многу им недостига, особено во некои важни моменти, како свадбата на Вељко и раѓањето на неговиот син, кој го доби името по Аркан“, изјави Ражнатовиќ.