Во Шведска за прв пат се организира Европско првенство во интимни односи, а таму ќе настапи и 27-годишната Хрватка, Марија Задравец.
„Натпреварот го започнуваме затоа што сакаме да укажеме на подреденоста на жената во општеството. Жените се стигматизирани со години. Сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви, ако не и подоминантни од мажите“, наведено е на официјалната страница на овој натпревар.
“Организатор на натпреварот е Шведската сексуална федерација. Швеѓаните гледаат на сексот како спортска дисциплина. Како успеав да настапам? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде запознав моќни луѓе од индустријата за возрасни. Јас сум единствената актерка во Хрватска, па добив покана“, изјави за 24сата.хр Марија Задравец, хрватска ѕвезда за возрасни.
Таа објасни и како изгледа натпреварот.
„Ќе трае два месеци. Ќе има по 10 мажи и 10 жени. Ќе нè сместат во куќа, ќе нè снимаат 24 часа и луѓето ќе можат да го следат шоуто, нешто како „Големиот брат“. Категориите во кои ќе се натпреваруваме се заведување, масажа, масажа во ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, пози, креативност…“, објасни таа.
“Натпреварот ќе трае 45 минути дневно. Секој натпреварувач избира личност со која сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Значи, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној кој мислам дека ќе биде добар во одредена категорија“, додаде Марија и објасни како изгледа бодувањето и дали има награда.
“Судиите даваат бодови, ги има пет. Ќе гласа и публиката, на истата страница каде што ќе се прикажува натпреварот – swedishsexfederation.com. На крајот на неделата се елиминираат оние со најмалку поени. Има богата награда за првите три места, но повеќе за точните суми не можам.И најдобрите ќе добијат медали.Како што кажав Швеѓаните ја сметаат интимноста за спорт…Исто така победникот на натпреварот оди директно на Светското првенство.Датумот на тоа натпреварување ќе биде одреден подоцна“, заклучи Марија, а пренесува мондо.рс.