Холивудскиот актер Ал Пачино (83) го очекува првото заедничко дете со својата 54 години помлада партнерка, ТВ продуцентката Нур Алфала (29).
Портпаролот на актерот ја потврди веста за ТМЗ.
Нур моментално е бремена во осмиот месец, рече тој.
Ал Пачино и Нур се во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзана со Клинт Иствуд.
„Срцето не прашува за годините, срцето само знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна“, изјави еднаш Нур во интервју за Хелоу за нејзината врска со фронтменот на „Ролинг Стоунс“.
Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон, пренесува курир.рс.