Контроверзниот богаташ Брајан Џонсон (45) се обидува на секој начин да се подмлади.
Овој пат шокираше со нов подвиг – размена на крв од три генерации. Брајан примил трансфузија на крв од неговиот 17-годишен син Талмаџ, од кого за таа прилика извадиле литар крв, плазмата била одделена и инјектирана во кардиоваскуларниот систем на Брајан, пренесува најжена.рс.
Брајан верува дека младата крв може да го забави процесот на стареење во неговото тело и да го поправи настанатото оштетување на клетките. Истата процедура ја направил и на својот татко Ричард (70), само Брајан во тоа време бил млад крводарител.
Размената на крв од три генерации беше извршена во “Resurgence Wellness“, болница со футуристички изглед во Арлингтон, Тексас.
Како што е наведено, Брајан се водел од истражувањето спроведено на глувци. Тие сугерираат дека кога постар глодар ќе добие крв од помлад, т.н обратно стареење. Сепак, нема докази дека такво нешто би можело да функционира кај луѓето. Напротив, може да биде опасно поради можната силна имунолошка реакција на примачот.
Да потсетиме, овој богаташ троши околу два милиони долари годишно за да се подмлади и повторно да изгледа како 18-годишник. За да ја постигне својата цел, која вклучува „мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и гениталии на 18-годишник“,
Џонсон вработил тим од 30 лекари и здравствени работници за да ја следат секоја негова телесна функција. Овој план бараше не само надзор на лекарите, туку и создавање на мала клиника во домот на Џонсон во Калифорнија, пренесува курир.рс