Само премиерот на Шведска има право на службен автомобил, додека платата на еден пратеник е дури двојно помала од таа на наставник во основни училиште. Шведскиот Парламент има само три службени автомобили, Шведска e земјата во која пратениците немаат ни кафе без пари, а за секретарки може само да сонуваат. Во две реченици што ги издвојуваме од пост на корисник на Фејсбук, доволно да се види разликата меѓу Македонија и оваа развиена скандинавска земја. Јасно е, дека за разлика од кај нас, националното богатство и БДП не се растура така лесно и беспотребно.
„Секојдневниот начин на живот на шведските пратеници е многу строг: Канцелариски простор од 7 квадратни метри, мали апартмани за функционерите од другите градови и ограничувања на користењето на парите на даночните обврзници во парламентарните активности.
Шведските пратеници не уживаат никакви дополнителни бенефиции, како што се на пример патувања во други земји со чартер-летови, пари за скапи хотели, ангажирање приватни консултанти итн.
Но не е сѐ така црно, како што изгледа за шведските пратеници. Сите 349 пратеници, како и претседател на парламентот, добиваат бесплатна годишна карта за користење на јавниот градски превоз. Службените автомобили се малку, а нивната употреба е ограничена. Парламентот има само три автомобили, од моделот Volvo S80. Овој превоз е достапен само за претседателот на Собранието и неговите тројца потпретседатели и тоа само за официјални настани.
Во Шведска, единствениот политичар кој има право на автомобил е премиерот. Автомобилот ѝ припаѓа на Службата за државна безбедност на Шведска. Според владиниот советник, министрите можат да бараат возила но „само кога имаат добри причини за тоа“, пишува во постот.
И на крај за полемиката овие денови во Македонија на која политичарите остануваат глуви , а тоа е зголемувањето на платата на функционерите за дури 78 отсто. Парламентарците, според овој пост, земаат двојно помала плата од учител. Тоа говори за вреднувањето на образованието во Шведска.
„Бруто платата на член на шведскиот парламент изнесува 66.900 круни месечно (околу 7.200 долари). По плаќањето на високите даноци, нето-платата изнесува околу 40.000 шведски круни (околу 4.300 долари), што е двојно помалку од она што заработува наставник во основно училиште во Шведска“.