Само несреќно дете може да посегне на вршење на монструозни дела какво што се случи во училиштето во Белград. Проблемот со Коста е мултифакторско-отсуство на внимание, љубов и грижа. Тоа се тие примарни психолошки, социјални и емоционални и социјални потреби коишто не се адекватно задоволени, а тука е секако и достапноста на огненото оружје – е ставот на професорот Зоран Киткањ, кој гостуваше во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77 на тема – Кога имаме држава, а немаме општество, кога родителите ги носат децата на стрелиште и кога децата убиваат
Професорот Киткањ не се согласува дека главен виновник, одлучувачки или најзначаен фактор за монструозниот чин во Србија се социјалните мрежи. Не може да биде само тоа.
„Ако ние предложиме строго да се спречат, да се елиминираат и воопшто да не постојат социјалните мрежи, не се знае дали на тој начин ќе го постигнеме ефектот, зошто треба да се видат и позитивните страни што ги нудат тие социјални мрежи, па и апликацијата Тик-Ток. Секој предлог за забрана треба да има свои аргументи, но има и аргументи против, зошто преку социјалните мрежи луѓето комуницираат, разменуваат информации, споделуваат знаење и вештини и не може по еден случај да констатираме дека одлучувачки криминоген фактор се социјалните мрежи,“ смета професорот.
За предлогот, училишен полицаец во секое училиште, смета дека нашата држава не е е земја со голем економски раст и не е во можност секое училиште да го обезбеди со полицаец, но ја поздравува одлуката на МВР за позасилено патролирање околу средните училишта со поголем степен на ризик за можно манифестирање насилство и агресивност.
Во продолжение проследете го линкот од денешното гостување на Киткањ во емисијата Стадион на Канал 77.