– Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивни функционери, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“ со бугарски граѓани, рекол утрово европратеникот Андреј Ковачев за емисијата „Оваа утро“ на БТВжСпоред него на овие списоци се и европратеници, а додал и дека „ако кажеш дека Гоце Делчев се определил за Бугарин, нема да може да влезеш во Македонија“.
Во понатамошното излагање во емисијата Ковачев рекол:
– Бевме толку возбудени што не сметавме дека е потребно да ги разјасниме нашите проблеми надвор од територијата на Бугарија. Мислевме дека на братски начин ќе успееме да го надминеме повеќедецениското несогласување, омразата и на тој начин самите да ги надминеме проблемите. Повеќе од 25 години молчиме на оваа тема, но ве уверувам дека во секоја декларација во ЕУ пишува за дискриминација на Бугарите, рекол тој и додал:
– Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје ако тврдиш дека си Бугарин е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство, рекол тој.
Тој кажа и дека:
– Имаме земја во која моментумот од југословенската идеологија продолжува и сега. Не велам дека ние сме совршени, но има многу проблеми и кај соседите. И двете земји имаат долг пат, рекол Ковачев.
Тој се осврнал и на историската комисија:
„Вистината за историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да не натерате да замолчиме пред дискриминацијата и историските факти“ – заклучува европратеникот Ковачев за бугарската „БТВ“.
Интервуто можете да го погледнете тука.