Оглас со кој се бара работник во ресторан за гиро и сувлаки за ова лето се споделува по социјалните мрежи, со прашање до каде ќе оди цената на трудот ова лето во Грција.
Според условите што ги нуди ресторанот, за час работа во овој ресторан, работникот би добивал по 10 евра, од 10-22 часот, односно пресметале плата од 3600 евра месечно. Со една забелешка во огласот, дека сепак, се остава простор за висината на платата да се преговара. Со други зборови, може да се испреговара и поголема плата.
Се бараат работници редовен и постојан работен однос. Што се однесува до ова искуство, тоа треба да биде најмалку 24 месеци.
Грција е една од земјите, која дозволи работа на мигранти од неколку земји, вклучително и на странска работна сила.