Принцот Хари (38), Меган Маркл (41) и нејзината мајка Дорија Рагланд беа вклучени во немилосрдна потера на папараците во Њујорк, која можеше да ги чини живот.
Во изјавата, портпаролот на принцот рече дека целиот инцидент траел два часа и за малку ќе резултирал со повеќе судири, пренесува 24сата.хр.
-Војвотката и војводата од Сасекс и г-ѓа Рагланд учествуваа во речиси катастрофална бркотница со автомобил поради група крајно агресивни папараци. Во немилосрдната бркотница која траеше речиси два часа, имаше речиси неколку несреќи со други возачи на патот, пешаци и двајца њујоршки полицајци – објави портпаролот на парот.
-Иако да се биде јавна личност доаѓа со одредено ниво на јавен интерес, тоа никогаш не треба да загрози нечија безбедност. Ширењето на овие фотографии, со оглед на начините на кои тие се добиени, поттикнува една многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани – се вели во официјалното соопштение на парот.
Потоа полицијата се огласи за инцидентот.
-Војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа на нивната дестинација и немаше пријавени судири, повици, повреди или апсења – соопшти полицијата, а таксистот кој ги возеше Хари, Меган и нејзината мајка за време на инцидентот ја кажа својата страна на приказната.
-Беа зад нас, но се држеа на дистанца. Њујорк е еден од најбезбедните градови, полицијата е на секој агол – изјавил таксистот за Би-Би-Си, а Меган и Хари ги опишал како фини луѓе, а рекол и дека делуваат нервозни. На крајот заклучил дека наводите за речиси катастрофална потера се малку претерани и дека папараците не биле агресивни …