Шестиот систем за наводнување во Македонија, последните години е дел од проектот кој опфаќа вкупно осум. финансирани од Европската унија. Вчера беше означен почетокот на изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци, лоциран во регионот на општина Кичево. Системот опфаќа површина од 160 хектари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци.
Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2.
Новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација.
-Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ставањето во функција на секоја една педа обработлива земјоделска површина. Оваа цел можеме да ја постигнеме само со големи и сериозни инвестиции во системите за наводнување. Нема стабилно земјоделство без доволни количини вода“, рече министерот Љупчо Николовски.
Ова е шести по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвидуваме почеток со изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финансирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра.