Пијан возач од Колорадо неуспешно се обидел да го обвини своето куче за пребрзо возење.
Полицајците од Спрингфилд на Фејсбук напишаа дека инцидентот се случил во саботата доцна навечер, кога возачот бил запрен бидејќи одел 84 километри на час во зона со брзина од 50 километри на час.
„Возачот се обидел да ги смени местата со кучето кое било на совозачкото седиште, додека полицаецот се приближил и набљудувал се. Мажот потоа излегол од страната на совозачот и тврдел дека не возел“, велат од полицијата.
Кога полицијата го прашала дали конзумирал алкохол, тој побегнал оставајќи го возилото и кучето. Бил фатен на околу 20 метри, пренесува пинк.рс.