Апелите за безбедно славење на матурските вечери не престануваат, но и покрај тоа низ улиците забавите се пуштени на максимум.
Тоа дека апелите не се почитуваат покажува и видеото, кое се шири на социјалните мрежи, а кое покажува како матурант качен на автомобил, покажува среден прст на полицајците.
Во врска со ова се огласи и МВР, од каде велат:
-Утврден е идентитетот на лицето кое недолично се однесува на јавно место. Ќе биде повикан во ПЦ Карпош и против него ќе бидат поднесени прекршочни пријави, велат од МВР.