Како да се унапредат механизмите за безбедност во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство, беше тема на конференцијата која денеска ја организираше Меѓународниот универзитет во Струга, а на која учествуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како и повеќе претставници на академската и експертската заедница од областа – информираат од Министерството за образование и наука.
Министерот Шаќири посочи дека МОН подготвило конкретни препораки за училиштата со цел го зачуваат мирниот амбиент и да се справат со меѓуврсничкото насилство доколку биде детектирано.
За истите, како што рече, ќе се дискутира на владина седница во текот на утрешниот ден.
– Добро е што голем број страни се вклучија со свои сугестии и размислувања. Тоа ќе дава добар ефект, доколку во целост се почитува од сите на кои се однесува – истакна Шаќири, информирајќи дека паралелно продолжуваат и консултациите за изработка на сеопфатен протокол и прирачници за училиштата.