Податоците на порталот Пари.мк, откриваат дека Кит-го, кој лани остварил профит од 2,5 милиони евра, давал најмали плати. Таму просечната нето-плата со додатоците била 22.274 денари. Синџирот вработува 811 работник.
Потоа, втор, но од опашката, е Верополус, кој лани успеа да направи најголема добивка, од над 9 милиони евра. Таму просечната нето-плата со додатоците била 22.773 денари, а има 969 вработени.
Најголема просечна плата, пак, давал Кам. Тој е втор на нашата листа на анализирани трговски синџири по добивка. Минатата година реализирал добивка од 4,9 милиони евра, а просечната плата за 1.144 вработени била 29.474 денари.
Втора по големина просечна нето-плата е во Рамстор, каде што нето-просекот за 634 вработени е 26.797 денари. Зад него е Стокомак, со сличен број на вработени – 648, и со просечна нето-плата од 25.880 денари.
Жито имал најмала добивка во 2022 година, од 340.000 евра, но сепак не давал и најмали просечни плати. Таму просекот за 837 вработени е 24.987 денари.
Потоа е Кипер, со многу повисока добивка, од 3,4 милиони евра, и со просечни плати од 24.435 денари, за 820 вработени. Сличен просек на плати имало и во Тинекс – по 24.350 денари за 1.359 вработени, а овој трговски гигант е на претпоследното место по добивка, односно лани направил профит од 460.000 евра.