Претставничката на Шведска, Лорин , победи на Евровизија 2023 година, а по завршувањето на финалната вечер, таа беше цел на напади на корисниците на социјалните мрежи кои тврдат дека нејзината песна е плагијат, а за тоа и дадоа дури и „доказ“.
Имено, за победничката песна „Тетоважа“ корисници на Тик Ток објавија дека „нашле доказ за плагијат“.
Корисник на мрежата направи споредба и забележал сличноста во делови од победничката песна и песната „Easy on Me“ на Адел и се прашува дали таа е единствената.
Други пак велат дека победничката песна неверојатно потсетува на песната „V Plenu“ на пејачката Мика Њутн од Украина, други пак дека текстот е како тој на песната „The Winner Takes It All“ од Abba.
На тврдењата дека плагијат на ABBA, Лорин одговори: „Тоа го сфаќам како комплимент“, а коментирајќи ги другите тврдења за плагијат, таа рече дека не обрнува премногу внимание на нив и дека нема време или простор во нејзината глава за тоа.
Лорин влезе во историјата на Евровизија како единствен изведувач кој пободеил два пати на натпреварот.
фото: ЕБУ