Вчеравечер во Скопје по дваесет и втори пат се одржа Виенскиот бал. Настанот беше под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Скопје, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.
Гостите се дружеа со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.
На Виенскиот бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – смокинг, темно одело или униформа.
„Виенскиот бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста“ соопштија организаторите.
Како изгледаше атмосферата погледнете во продолжение: