После незаборавните скопски концерти, „Balkan Media Production“ гo претставува летниот охридски спектакл. За првпат на голем open air концерт во Охрид, на 29-ти јули, публиката ќе може да го види маестралниот Ацо Пејовиќ.
Локацијата ќе биде „Билјанини извори“ кое, како што велат организаторите, е совршено место за ваков тип на концерти.
Ацо Пејовиќ ќе настапи со песните кои ја одбележаа неговата кариера од почеток, па се до извонредните изведби на: „Da si tu“, „Sve ti dugujem“ и „Ponoc“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Југотон, Розе Веро 2 и кај Аждер.
Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат. Се гледаме на 29-ти јули во Охрид на „Билјанини извори“ – порачуваат организаторите.