По краткото земање на инсерти од страна на снимателите, кои заедно со новинарите ја следеа првата седница на Судскиот совет со нов претседател, беше побарано да си заминат.
-Камерите, ве молам, ќе мора да не оставите да работиме, ни треба концентрација“, побара новиот претседател на Советот, Сашко Георгиев, за кого новинарите може да останат, но без снимање. Рече дека само пренесува заклучоци на Советот.
Како што рече Ѓеоргиев, одлуката е донесена со консензус на колегиум, а единствено против беше досегашната претседателка, Весна Дамева.
–Едногласен договор ни е дека во делот на јавноста, ќе биде присутна, но камерите оставаме уште една-две минути да го завршат својот прилог во смисла на снимање, а потоа тие ќе мора да ја напуштат седницата, јавноста останува да биде присутна. Условите ни се такви, тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентност, но е потребно за условите за работа, кажа претседателот Ѓеоргиев.
Дамева по ова рече дека е во ред, доколку така одлучило мнозинството.
Реагираа присутните новинари кои до сега немаа ваков проблем со јавноста, меѓутоа, остатокот од седницата помина без камери.
Осуда на овој однос стигна од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) .
„Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат работата и влијаат на концентрација на присутните, без притоа претседателот Георгиев да објасни на кој начин снимателите одеднаш станаа пречка за работењето на советот. Не гледаме никаква оправданост во причината на оваа донесена одлука од страна на претседателот Георгиев. Согласно Деловникот за работа на Судскиот совет, поточно во член 7 таксативно се наведени околностите со кои може да се исклучи јавноста, но во конкретниот случај не е исполнет ниту еден услов за тоа“, сметаат од ЗНМ.