Попладнето пред 16 часот им се губи трагата на две девојчиња од Струмица на 12 и 14 – годишна возраст, кои дошле во Скопје на Саемот на книгата. Во повиците за помош се вели дека девојчињата последен пат се видени во близина на „Веро Џамбо“.
Забележани се на камера во една споредна уличка во близина на објектот во споредна уличка од булеварот „Кочо Рацин“, меѓу трговскиот центар „Веро Џамбо“ и Олимписки базен. Девојчињата се упатиле кон центарот на Скопје.
Телефоните им се исклучени, додека полицијата соопшти дека трага по нив. Во потрагата се вклучени роднини, пријатели и добронамерници.