Во тек е состанок во УКИМ на кој се очекува да се дефинираат потенцијални ризици од употребата на апликациите и социјалните мрежи, по што ќе биде дадена процена од начин на нивната употреба од страна на младите, нивно ограничување, па дури и забрана на ТикТок. Според министерот за образование Јетон Шакири, заедно со АЕК, Министерството за информатичко општество и администрација ќе се оцени како и дали понатаму ќе биде достапна апликацијата ТикТок. Видеата што изминатите денови беа објавени на оваа апликација, како што рече Шакири, се предмет на анализа на МВР.
-Освен тоа ќе ги разгледаме и другите мрежи и алатки ако можеме да имаме конкретно ограничување на отвореноста, во начинот на употреба и внесување на некои податоци. Ќе ги разгледаме сите можности. Затоа што кај нас и во регионот тоа е во фаза на проценка и препораки. Сакаме сите инструкции да се координираат – МОН, Политички систем, Секторите за образование по општините, изјави Шакири, кој забележа на досегашната недоволна координираност на сите овие институции.
Исто така, ќе се разгледува и кадарот во педагошко – психолошките служби со кои располагаат училиштата. Како што вели министерот Шакири, иако овие служби ги пополнуваат по еден педагог и еден психолог, некаде тоа не е доволно според бројот на ученици. Во меѓувреме, во училиштата се одржуваат итни состаноци.
-Некои од училиштата имаат итни состаноци, одржуваат родителски состаноци, каде освен со класните ќе почнат да работат и со психолозите и педагозите, што до сега не е постапувано. Постапувано е само во случај на пријава на ученик и имаме таков случај само во конкретни ситуации, кажа Шакири.
Од денешниот состанок се очекува да има и конкретни предлози и мерки за побрз проток, со тоа што упатството за постапување во случај на врсничко насилство за основните училишта да се внесе и во средините училишта. Ќе има конкретни протоколи за постапување, а очекувањата се и поинтензивно да се вклучат и центрите за социјална работа, како и засилување на воспитната програма.