Приказна за љубов која времето не успеало да ја избрише – романтична средба после 75 години.
Времето не може да ја избрише вистинската и искрена љубов, а тоа го покажува романтичната приказна на еден љубовен пар од Франција, пишува Lovesensa.
К.Т. Робинс (98) потекнува од мало француско гратче. Учествувал во Втората светска војна, а потоа се оженил и бил 70 години во среќен брак сè до смртта на својата сопруга. Меѓутоа, неговата љубовна приказна почнала многу порано, а животот покажал дека не завршила ни после многу децении.
После смртта на неговата сопруга, сосетката на Робинс му помагала да го исчистат неговиот дом, а кога пронашла една фотографија, нему му се разбудиле прекрасни романтични сеќавања. На фотографијата била една млада убава девојка, а кога го прашала која е девојката, Робинс рекол: „Џенин Ганаје, мојата прва голема љубов“.
Иако имал 98 години, Робинс се сеќавал на целата љубовна приказна со Џенин. Тие се запознале во малиот француски град од кој потекнува, таа зборувала англиски, а тој француски, но нивните срца целосно се разбирале.
На еден брод тие направиле шатор и ја почнале својата мобилна пекара. Печеле леб и така заработувале пари, се дружеле и сонувале како ќе направат свој дом. Нејзиното семејство го обожавало Робинс, тој бил почесен гостин на нивните семејни собири и сè изгледало како приказна од бајка, сè до еден ден.
Робинс добил покана за војска и морал итно да се пресели и да преземе војнички должности, немал време да се збогува со Џенин, успеал да добие само еден телефонски повик и тоа бил последен пат кога разговарале.
По војната го изгубиле контактот и пуштиле животот сам да ги одведе во непозната насока. Робинс се оженил, но никогаш немал деца, додека Џенин се омажила, добила деца и продолжила во Франција да го гради својот семеен живот.
Набрзо откако Робинс ја раскажал својата љубовна приказна на сосетката, добил повик да присуствува на собир на воени ветерани во токму во гратчето каде започнала неговата љубов со Џенин.
Тој се распрашувал за неа, но немал голема надеж дека повторно, во својата 98 година од животот, ќе ја сретне, сепак дознал нешто ново. Џенин била жива и престојувала во еден дома за стари лица.
Робинс го повикал нејзиното семејство и изразил желба да ја посети, но нејзините наследници рекле дека таа никогаш им немала раскажано за него.
Меѓутоа кога Робинс им ја пратил нивната слика и кога Џенет ја погледнала фотографијата, сеќавањата се вратиле и рекла дека тоа е нејзината прва љубов и дека навистина сака тој да ја посети.
Робинсон ја видел Џенет во инвалидска количка, а таа го дочекала со раширени раце и со голема насмевка.
„И понатаму беше убава. Беше толку среќна што повторни сме заедно“, рекол Робинсон.
Неколку пати биле на вечера, а Џенин инсистирала заедно да ги посетат местата на кои создале свои спомени. Го препознале и пристаништето на кое бил бродот со нивната пекара, нејзината стара куќа и местото каде се бакнале за првпат. Оваа приказна е доказ дека вистинските спомени никогаш не бледеат и доколку го избришеме она негативното и мрачно од минатото, ќе успееме да ги зачуваме сите тие убави искри кои ни ги подарил животот.