Во изданието на Службен весник од 28 април објавени се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, во кои износот е усогласен со инфлацијата од 120 денари е зголемен на 140 дневно. Со оглед на тоа дека исплатата на субвенционираниот студентски оброк запре во март, исплатата за април ќе се исплатува по зголемениот износ. Но, тоа не значи дека повеќе пари ќе легнат на сметките на студентите, туку износот останува ист 2340 денари, бидејќи во април, месецот на многу празници, имавме само 17 работни денови.
Во изданието на Службен весник од 28 април објавени се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, во кои износот е усогласен со инфлацијата од 120 денари е зголемен на 140 дневно. Со оглед на тоа дека исплатата на субвенционираниот студентски оброк запре во март, исплатата за април ќе се исплатува по зголемениот износ. Но, тоа не значи дека повеќе пари ќе легнат на сметките на студентите, туку износот останува ист 2340 денари, бидејќи во април, месецот на многу празници имавме само 17 работни денови.
Министерството треба да избере банка која ќе биде носител на платниот промет преку кој ќе се плаќа субвенционираниот студентски оброк, како и фирма со задача да ги изработи дигиталните картички, со кои студентите ќе може да купуваат оброци кај угостителите.
Според претходните најави од МОН, исплатата на субвенционираниот оброк за април се очекува веднаш по објавата во Службен весник.