Романтиката и емоциите го красат Жељко Самарџиќ и неговите песни, речиси од прва да последна за сите овие години од неговата кариера. Така е и со последната песна „Знам“ што ја отпеа со Калиопи. Но, Жељко ни откри и дека не е само емотивен кога станува збор за песните, туку и за годините, семејството, а најмногу за внуците, покрај кои, како што рече се чувствува посебно.
Жељко во Скопје на промоцијата дојде со нов имиџ, без белите брада и мустаќи, измазнет, само со сребрената коса, за која вели дека е искуство и дека како и се друго во животот, така треба да се прифати и староста.
-Јас менувам имиџ, едно време носев бада, но направив промена по барање на луѓето околу мене. Но, тоа не значи дека за некоја година нема да направам некоја друга промена. Па побелена коса, па побелена брада. Тоа е од години. Од зрелоста. Хахах. Појавата на белите влакна се години на созревање. Но, верувај, гледано сега од овој агол, она што мене ме краси не се белите влакна туку душата. Заете како, велат даваш се од себе. Но, не трба да дадете се од себе, туку да се дадете себе си. А кога ќе се дадете себе си, тогаш тоа се чувствува, се гледа, рече тој и додаде дека е задоволен од себе си како се носи со годините.
-Како и сите. Хахаха.. Не е исто да ги врзувам чевлите сега и како тоа го правев порано или како сега станувам од спиење за разлика од порано. Ама тоа е животот. Тоа е дел од староста и со тоа мора да се помирите. И најважно од се е да се шета што повеќе. Јас секоја прилика ја користам за шетање. И да се дружам со внуците, вели тој и објасни:
-Па преубаво се чувствувам во улогата на дедо. Јас сум среќен дедо. Имаме сега една играчка во семејството се вика Анѓелија, има една година. Таа сега ни е центар на светот. Пред некој ден го прославивме 18 роденден на мојот внук првенец. Јас станав дедо релативно млад, кога имав 49 години. Така да и за староста и за се друго треба да си свесен. Некогаш можеше вака, сега онака. Да знаеш да се прилагодиш. Тоа е суштината. А за внуците што да кажам. Тој што рекол дека повеќе се сакаат од родените деца е голема вистина. Не знам зашто е тоа така. Крај нив се чувствувам некако посебно. Можеби многу повеќе емоција и душа дававав и давам на внуците отколку на децата. Можеби затоа затоа што бев отсутен од дома, па сопругата Маја беше со нив повеќе. Но, се трудам во овие години да ја поделам љубовта за сите нив. Или можеби затоа што децата се обврска, а внуците задоволство. Има и од тоа. Но, што и да е убаво е да се биде дедо, рече Жељко.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски