Дејвид Бекам е ѕвезда на новата документарна серија на Нетфликс во која откри дека со години се бори со опсесивно-компулсивно пореметување.
Ретко кој знаеше дека цел живот се борел со опсесивно-компулсивно нарушување, но благодарение на новата документарна серија за Дејвид Бекам, беа откриени некои непознати детали од приватниот живот на славниот фудбалер, пренесува Б92.
Така открил дека поради ова нарушување, кое му го загорчува животот, тој поминува со часови и часови чистејќи го семејниот дом.
Дејвид Бекам, кој веќе откри дека сè во неговите плакари мора да биде подредено по бои, линии и парови, останува буден неколку часа откако неговото семејство ќе си легне. Тој често ја критикува својата сопруга Викторија кога ќе очисти по себе.
„Јас чистам толку добро, но не сум сигурен дека мојата сопруга го цени тоа толку многу“, признал Бекам пред камерите и продолжил: „Кога сите одат во кревет, јас шетам наоколу, чистам, ги прилагодувам светлата, внимавам сè да е уредно. Мразам кога ќе слезам сабајле, а има уште чаши, чинии… Растопениот восок го редам и на свеќите, го чистам стаклото околу него. Знам, звучи чудно, рекол тој.
Семејството Бекамови живее во замок вреден 25 милиони фунти во лондонскиот Холанд Парк, кој го купиле во 2013 година, а има осум бањи, седум спални соби, теретана и спа.