На 25.4.2023 година, царинските службеници на граничниот премин Табановце на влез во државава спречија обид за криумчарење на 30 килограми ароматизиран тутун за наргиле.
-Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 гр ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило.
Со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки во износ од над 65 илјади денари.
Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции.