Американските медиуми пренесуваат дека познат пар ја понудил својата куќа на Флорида на продажба, а станува збор за луксузна зграда која ретко се гледа, пренесува глосиеспресо.рс.
Како што пишува Њујорк пост, поранешниот српски тенисер Слободан Боба Живојиновиќ и неговата сопруга и југословенската музичка ѕвезда Лепа Брена планираат да ја продадат својата луксузна вила во Мајами.
Парот ја понудил својата луксузна куќа на продажба за цели 16,9 милиони долари, тврди овој весник кој во истиот текст потсетува на врската на Боба Живојиновиќ со покојната принцеза Дијана.
Вилата на Живојиновиќ често го привлекува вниманието на тамошните медиуми, а пред неколку години се пишуваше дека Лепа Брена одбила да ја продаде на фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам. Се шушка и дека Џенифер Лопез копнеела по овој имот и дека Живојиновиќ не сакале да ја продадат куќата ниту на латино дивата.
-Куќата не се продава, но секогаш можеме да ја угостиме Џенифер Лопез на вечера – изјави тогаш Брена за Курир.
Ако пишувањето на американскиот весник е точно, Бекам и Џеј Ло сега би можеле да си ја пробаат среќата. Но, каква е таа куќа кога светските ѕвезди сакаат таа да стане нивен дом? Судејќи по се што се гледа – ултра луксузно!
Куќата на Лепа Брена и Боба во Мајами се простира на повеќе од 550 квадратни метри, тврди весникот, а станува збор за зграда со шест спални соби и 6,5 бањи со модерни детали и италијански обработка. Има и многу пространа дневна соба, кујна и лифт кој води до покривот.
-Секој детаљ е направен со намера, од модерниот дизајн кој вклучува неверојатен поглед на заливот до внимателно избраните материјали – изјави за Пост, Мирче Ќуркоски од агенцијата за недвижности.
Што се однесува до отворениот простор, има џакузи, летна кујна опкружена со уредени тревници, базен…
Парот ја пазарил оваа вила во 2012 година, а била изградена уште во 1950 година. Се наоѓа веднаш на брегот на морето и е вистински пример за луксузот во кој уживаат холивудските ѕвезди.