Сопругот ме изневери и ме остави поради друга жена, а јас со години се спредував со неа… Исповед на жена која пренесува важна порака и лекција.
Нејзиното сведоштво во продолжение:
Се разведов пред 20 години. Долго мислев на поранешниот сопруг, но како што се приближуваше овој датум, всушност сфатив дека сме разделени повеќе време одошто бевме заедно. Со текот на времето изгубивме контакт, немаме веќе никакви правни и финансиски врски, но имаме две деца кои не поврзуваат.
Во сите овие години, јас не размислував за него, туку за неа – жената со која тој ме изневери и поради која ме остави. Нивната афера се случуваше пред моите очи, но одбивав да поверувам. Бракот се заврши со неверство, а мојата лутина јас ја префрлив на неа. Му бев лута и нему, но некако како да ми беше полесно негативните емоции да ги насочам кон неа.
По разводот, мојот поранешен сопруг продолжи да живее со неа. Јас не ја видов и не комуницирав со неа, децата не ја спомнуваа, но јас во својата глава создадов слика на супермоќна жена која е неверојатна и која успеала мојот сопруг да го одвои од мене.
Како што поминуваа годините, ја градев таа слика во главата. За мене таа беше преубава, висока, успешна жена на која сите ѝ се восхитуваат и која може да направи сè што ќе посака. Таа беше сè што не бев јас, супериорна во секоја смисла, а јас бев исполнета со бес и нервоза.
Потоа пред неколку години мојот поранешен сопруг поднесе тужба против мене во однос на материјалните работи. Додека седев во судот, ги замислував неа и него. Но пред сè, неа ја замислував како неверојатна жена покрај јас изгледам смешно. Одеднаш моите мисли ги прекина тоа што во ходникот се појави мојот сопруг со НЕА. Тогаш ја видов првпат. Таа беше со врзана коса, опуштено облечена, привлечна, но ништо посебно како што замислував.
Нејзината коса, ставот, погледот, насмевката – сè беше просечно. Таа беше жена која не би ја запеметила кога би поминала покрај неа на улица. Во мојот ум во текот на сите години таа изгледаше фантастично и јас со години се убедував себеси во тоа.
На суд бргу постигнавме спогодба, а јас си отидов дома и размислував – како можев така да си ја уништувам самодовербата? Како можев така грубо да преувеличувам друго човечко суштество?
Сфатив дека ова е важна лекција за мене. Се освестив за квалитетите кои ги имам и сфатив дека не треба да се спредувам со другите, туку да бидам своја и таква каква што сум. Оваа промена на ставот ми донесе самодоверба, среќа и нова љубов, а потоа брак и уште едно дете. Сега имам партнер кој ме сака, три прекрасни деца и исполнет живот.
А на моите деца им дадов совет – единствените акции кои може да ги контролирате во животот се вашите сопствени.
Извор: sensa.mondo.rs