Доброто познавање на себеси е клучна работа за носење добри одлуки. Кога знаеме зошто реагираме на одреден начин или зошто понекогаш се чувствуваме уморно и исцрпено откако сме биле на забава со многу луѓе – можеме многу поефикасно да го организираме својот живот согласно нашата природа.
Истото важи и за кариерата.
Работата во продажба или во индустриите подразбира висок степен на асертивност и комуникација со луѓе. Токму поради тоа, ваквите работни места не се добар избор за интровертните луѓе.
Всушност, постојат повеќе типови на интровертни луѓе, а психологот Карла Мари Манли објаснува дека свесноста за себе ни овозможува подобро да процените што во нашето опкружување е поттикнувачко за нас, а што не е.
Исто така, ако ги знаеме предностите и маните на секој од четирите типа интроверти, ќе може да донесеме подобри одлуки за нас.
Социјален интроверт
Доколку припаѓате на овој тип, најчесто не ги одбивате повиците за дружби, но на таквите случувања се држите на страна. Вам не ви пречи да се вклучите во нешто што се случува околу вас, но за волја на вистината, секое откажување на настани за вас истовремено е и вистински благослов. Подраги ви се помалите групи луѓе и интимните опкружувања.
Анксиозен интроверт
Основната разлика помеѓу социјалниот и анксиозниот интроверт е тоа што кај вторите постои силно изразена социјална анксиозност. Ако припаѓате на овој тип интроверти, сигурно се држите подалеку од секакви собрири за да го избегнете чувството на паника и несигурност. Анксиозните интроверти често делуваат како многу нервозни луѓе кои ги одбиваат повиците за какви било случувања кои може да создадат паника кај нив. Со ваквото однесување тие делуваат непристојно, но зад тоа се крие голем страв и анксиозност.
Интроверт што размислува
Луѓето кои припаѓаат на овој тип интроверти, понекогаш делуваат како постојано да одат со „главата во облаци“. Најдобро се чувствуваат додека читаат, учат и истражуваат. Имаат карактеристична особина да прават пауза и навистина да размислат пред да одговорат на некое прашање. Овие интроверти се разликуваат од претходните бидејќи немаат проблем да бидат во друштво или да бидат дел од некој тим.
Воздржан интроверт
За овој тип интроверти е карактеристично тоа што на пример, се појавуваат на некое случување, но се „кријат“ во првиот час. На почеток тие се резервирани, но потоа почнуваат да стекнуваат познанства. Ретко покажуваат емоции и делуваат воздржано.