Половина час се чека за влез во Грција на граничниот премин Богородица. Според АМСМ, идентична е ситуацијата и на преминот Табановце.
Колони возила во неколку редици има на најфреквентниот премин за влез во Грција, Богородица. Информацијата за чекање од половина час се однесува само за преминот од македонска страна. Според информациите од слушатели на Канал 77, изутрината по 7 часот имало и подолги чекања.
Продолжениот викенд повторно ја испразни државата, додека Грција е честиот избор за престој. Еднодневниот излет до Солун, исто така со речиси летното време и температура од 21 степен, е избор на многу македонски граѓани.
Што се однесува до останатите гранични премини, како што информира АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.