ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека утре – 21 април, за време на државниот празник Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.
Како што посочуваат од претпријатието, јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.
Јавните паркиралишта пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.