Во просториите на Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера новоизбраниот претседател на Основен суд Тетово, Хасан Асани даде свечена изјава. Хасани беше избран на седницата на 4 април.
На истата седница избрани се двајца судија во кривичниот оддел во Апелацискиот суд Гостивар – Даут Рустеми од Основниот суд од Гостивар и Александар Милошески од Основниот кривичен суд – Скопје. Двајцата нови судии се избрани од 12 кандидати, кои се пријавиле на огласот.
Владата пак на вчерашната седница го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен оглас.
Новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година. По професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.