Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите со „Бехтел и Енка“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
–Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите. Не. Тоа го водел сосема друг состав на Управувачки комитет, ниту пак бев во државата кога Договорот се разгледувал на седница на Влада, рече Грковска прашана зошто ако била во Управувачкиот комитет и била запознаена со содржината на Договорот со американско-турскиот Конзорциум дека има две опции – поевтина и поскапа, не ја предупредиила Владата дека проектот ќе чини многу поскапо.
Генералната оценка за исполнувањето на препораките од Антикорупцискта комисија се однесува на сите институции коишто имаат обврски во Националната стратегија за борба против корупцијата. Тоа не е само Владата, тука се Парламентот и останатите институциите кои треба многу посериозно и многу посветено да си ја преземат одговорноста за исполнување на обврските, изјави на новинарско прашање вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
-Тоа се детектирани активности заедно со институциите коишто се согласиле, детектирале дека е тоа потребно за нив и заради тоа треба да ги спроведат колку што е можно побрзо, рече Грковска на новинарско прашање на состанокот со евроамбасадорот Дејвид Гир за прогресот во исполнувањето на препораките на ЕК за борба против корупцијата.
Прашана во однос на забелешките од Гир за состојбата со корупцијата дека се потребни конкретни резултати, Грковска рече дека е прашање на истражните органи да докажат корупција, и дека таа покажале непристрасност и остро реагирала на одредени одлуки од страна на различни институции и органи, вклучително и од правосудството коишто, вели, носат штета на целото општество.
-Прашање е прво на истражните органи да докажат корупција. Во првиот момент кога ќе докажат корупција, јас ги охрабрувам и цела година измината да го направат тоа. Меѓутоа, ние како Кабинет веќе знаете дека сме покренале одредени случаи коишто понатаму се процесуирале. На крајот е на правосудните органи да одлучат каков ќе биде исходот од документите и наодите што стигнале до нас како Кабинет кога зборувам само од обврските коишто Кабинетот ги има. Ние сме покажале барем како Кабинет до тука во сите изјави, во сите постапки, во сите ингеренции што ги имаме како Кабинет дека не ни е важно за кого станува збор и дека се водиме само до аргументите и тоа така и понатака ќе остане, рече вицепремиерката Грковска.