Нов земјотрес рано изутрината беше почувствуван во Штип и околината. Штипјани од спиење изутрината во 04:22 часот ги разбуди земјотрес од 2.3 степени според Рихтеровата скала . Според првичните информации, земјотресот е на 3 километри југоисточно од Штип со длабочина од 2 километри.
Во изминатите три недели, од 29 март, кога беше првиот и најсилен земјотрес, регионот на Штип постојано се тресе, иако следните дваесетина земјотреси се со послаб интензитет.
Сеизмолозите смируваат дека не се можни посилни земјотреси, со оглед на фактот дека овој простор лежи на релативно стабилно тло. Сепак, од коментарите на граѓаните, редовното будење од сон со потреси во најмала рака е вознемирувачко.