Урнебесната хит комедија ,,Обвинителка” која минатиот месец ја имаше својата премиера ќе гостува овој месец во четири града во Македонија во периодот од 24 април до 27 април.
Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба.
Преполните сали каде што гостуваше комедијата ,,Обвинителка” само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката.
Тоа што ја прави оргинална е токму темата која ја обработува.
Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? …
Низата комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи се вплетени во оваа уникатна комедија.
Главната улога во оваа комедија ја игра Вукиќевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.
Автор на комедијата ,,Обвинителка” е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски.
Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски.
Оваа претстава е копродукција со Македонија и Србија и се говори и на македонски о на српски јазик, а е поддржана од: Министерство за култура, НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов”-Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Елена Лука и Тикен Холдинг.
Со оваа претстава се прави културен спој на двете држави, Македонија и Србија. По изведбите во нашата држава, оваа хит комедија ќе се игра и на сцените во Србија.