„Годините се само бројка“ е фраза која често може да се слушне. Сепак, ретко кој може да се „пофали“ дека е во врска или брак со личност со која разликата во годините е фасцинантни 53 години!
Токму таков е случајот со Алмеда (77), која на прв поглед се вљубила во Гери Харвика кога тој имал 17 години, а таа 71. За да биде ситуацијата уште почудна, тие се запознале на погребот на синот на Алмеда. Таа тогаш имала 71 година и воопшто не се надевала дека ќе успее да го освои малолетникот, но всушност, токму тоа се случило.
Тој пак, иако имал само 17 години, штотуку ја имал прекинато врската со госпоѓа од 77 години, така што ова за него не било нешто непознато.
По речиси една недела, ексцентричниот пар добил благослов од пријателите. Гери и неговата нова девојка, добиле благослов и од мајка му која тогаш имала 48 години, но и од баба му која била на иста возраст како и неговата избраничка. За две недели организирале и венчавка која ги чинела само 160 евра и тој се вселил во станот на својата нова сопруга.
Гери на ТикТок редовно објавува видеа од него и сопругата, со која неодамна прославија шест години брак.
На фотографиите пак, кои ги објавува, се гледа дека Алмеда често е во црно што значи дека се уште пати по својот син. Сепак, нејзините денови ги „бои“ Гери кој не пропушта прилика да ѝ изрази љубов.
„Таа е жената од моите соништа. Физичката страна на нашата врска не може да биде подобра“, вели Гери.
Алмеда признава дека не се надевала дека на оваа возраст ќе најде толку млад партнер, но на сите оние кои сметаат дека таквата разлика во годините не е пристојна, таа им порачува:
„Ова е мојот сопруг и доколку не ви се допаѓа тоа, може да се свртите и да си заминете. Не гледајте го воопшто бидејќи е многу згоден“.