Деновиве на социјалните мрежи се прошири хит видео во кое тибетскиот верски водач Далај Лама (87) непримерно ја пипка Лејди Гага (37) по ногата, пренесува 24сата.хр.
Далај седнал до Лејди Гага, а потоа ја допрел нејзината нога низ нејинитее искинати фармерки. Во еден момент посегнал по другата нога, но актерката му ја тргнала раката.
Набрзо во коментарите почнаа да се појавуваат бројни негативни реакции.
„Немам повеќе почит кон него. Колку ниско може да оди??? Срам да му е“, „Веројатно планирал да ги прави овие работи јавно за сите да мислат дека само си игра. Перверзно“, „Вистината секогаш излегува на виделина“ – ова се само дел од коментарите.
Ова не е единствениот негов непримерен потег. Во храмот во Дарамшала, Индија, Далај Лама повикал момче кај себе и покажувајќи му на образите, му рекол „прво таму“, по што момчето го бакнало и прегрнало.
Далај Лама го држел момчето и рекол: „Мислам и овде“, а потоа го бакнал во уста. Му рекол да го цица јазикот, вадејќи му го јазикот. Детето брзо го извадило јазикот и сакало да се оддалечи, додека Далај Лама се смеел и го влечел кон себе, а публиката се смеела. Набрзо видеото се прошири на интернет и предизвика многу критики.