Се откажала од работа со плата од 90.000 евра годишно затоа што сакале да работи во канцеларија
Педесет и тригодишната Фелиција одлучила да даде отказ на работа, иако нејзината плата била повисока од 91.000 евра годишно, откако од неа барале да се врати во канцеларија со полно работно време – пишува Инсајдер.
Имено, по ковид пандемијата, голем дел од работодавачите одлучија да воведат работа на далечина или пак, да понудат таканаречен хибриден модел, со кој некои денови се работи од дома, а некои во канцеларија.
Меѓутоа, некои работодавачи бараа вработените целото работно време да го поминуваат во канцеларија, но за една жена тоа било доволно за да одлучи да ја напушти работата.
Фелиција работела како администраторка во Аризона. Нејзината работа се одвивала според хибридниот модел, два дена работела во канцеларија, а три од дома.
Во интервју за Инсајдер, таа изјавила дека открила оти во деновите кога работи од дома завршува многу повеќе работа. Кога била воведена промената со која на вработените им било кажано да работат само од канцеларија, таа издржала околу еден пред да одлучи да даде отказ.
Раскажала дека еден ден заглавила во сообраќај на пат до канцеларија и тогаш сфатила дека тоа веќе не ѝ одговара.
„Знам како да ја работам својата работа. Не морам да бидам во канцеларија за да си ја завршам работата. Само знаев дека веќе не сакам да се чувствувам како претходно“, изјавила таа.
„Ја напуштив работата со годишна плата од околу сто илјади долари и почнав да барам работни места кои имаат хибридни опции за да имам рамнотежа меѓу деловниот и приватниот живот“, додала таа.
Фелиција посочила дека не е единствената личност од старото работно место која одлучила да си замине за да најде нова работа и да работи од дома. Таа додала дека е подготвена да прифати и послабо платена работа, сè додека ѝ се нуди можност за хибридност, со што подобро би балансирала во животот.