Експертката за врски, Блејн Андерсон која во изминатите десет години советувала повеќе од 1500 мажи, опиша кои се најчестите грешки кои ги прават неискусните мажи кога излегуваат со некоја жена.
Нејзиното видео во кое зборува на оваа тема стана вирален хит и има стотина илјади прегледи.
Претеран пристап
Првата грешка која таа ја наведува е претераниот пристап.
„Ако го добиеш бројот на некоја девојка во петок навечер, не би требало да ѝ пратиш порака за добро утро во сабота наутро“, советува Андерсон.
Прикривање на емоциите
Таа понатаму објаснува дека жените сакаат кога мажот глуми дека е срамежлив или пак, кога се преправа дека слуша музика која всушност, не му одговара.
Анализирање на секој збор
Андерсон порачува дека мажите не треба да го анализираат секој збор.
„Ако напишам ок, тогаш тоа едноставно значи ок“, порачува оваа жена која важи за експерт за врски.
Отсуство на присутност во моментот
Како последна грешка, таа го наведува тоа што мажите честопати не слушаат што им зборува другата личност бидејќи премногу размислуваат. Според Андерсон, во ваков случај комуникацијата не може да биде успешна.
Луѓето ја напаѓаат: „Ова е токсично“
Нејзиното видео има повеќе од 600.000 прегледи на Инстаграм, но и над 300 коментари. Некои од корисниците коментираат дека нејзините совети се контрадикторни.
„Ги сакам твоите објави, но ова е глупо. Сè што кажуваш е субјективно. Не помага“, „Од искуство велам дека доколку некој ти напише ок, нешто не е ок“, „Експертката за врски не е во врска“, се само дел од коментарите.