Педесет и деветгодишната, Мими Бленд од Бакингемшир ја продала својата куќа вредна околу 500.000 евра и сега живее на брод за крстарење. Тврди дека се одлучила на ваков потег поради помалите трошоци, а покрај тоа, вели дека сака да го пропатува светот забавувајќи се и запознавајќи нови луѓе.
Мими пред 20 години се разделила од сопругот и не се омажила по втор пат. Признава дека во последните три години интензивно размислувала и сфатила дека сака да го промени својот живот – пренесува The Sun. Од својата заштеда издвоила околу 850.000 евра за за една од луксузните резиденции на бродот за крстарење. Вели дека годишно ќе троши по 50.000 евра за храна и пристап до луксузните содржини на бродот.
Мими додава дека годишно на овој начин ќе заштеди 20.000 евра бидејќи претходно трошела околу 70.000 на одржување на куќата и луксузниот начин на живот.
„Јас за тоа време можам да ја водам својата работа, да го видам светот и да се запознаам со луѓе кои сакаат добро да се забавуваат“, раскажува Мими.
Бродот на кој е сместена има 30 базени, 20 барови и ресторани, кино, но и здравствен центар. Има место за илјада жители. Како што пренесуваат странските медиуми, овој брод е идеален за вработени и млади семејства кои во текот на пандемијата сфатиле дека може да работат од кое било место.