Со тешки повреди откако било искасано од куче во Градска болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје било донесено осумгодишно дете од скопската населба Пинтија, меѓутоа, лекарите не успеале да го одржат во живот. Детето било искасано од расното кучето на соседот.
Полицијата го потврди случајот.
-На 11.04 Во 18,25ч. од ГОБ „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител, соопшти МВР.
Телото на починатото дете е предадено за обдукција.