Ќе потрае расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој неуставно работната недела од 40 часа се зголемува на 60 и работниците ќе работат и недела. Двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа 1.111 амандмани поднесени на Предлог-законот.
-Левица против корпоративниот феудализам. Не отстапуваме, ќе се бориме до крај!, напишаа од Левица.
Не е прв пат преку тнр. филибастеринг пратениците од различни пратенички групи да се спротивстават на одредено законско решение. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше над 35.000 амандмани на Законот за употреба на јазиците. Пратеничката група на СДСМ, тогаш во опозиција, во 2012 година поднесе над 1.000 амандмани во обид да ги блокира телата на Собранието за да го спречи носењето на државниот буџет за 2013 година.
Актуелниот претседател Талат Џафери 40 дена со читање поезија и со молчење ја блокираше работата на Комисијата за труд и социјална политика и носењето на Законот за бранителите.
Терминот филибастерингот доаѓа од холандскиот збор за пирати се користи за одолжување на собраниските расправи, за да се спречи носењето на некој закон или одлука. Еден од случаите со примена на филибастеринг претходеше на настаните од 27 април. За разлика од американскиот сенат, каде во бројни случаи се користела оваа тактика, во македонското Собрание не може како во американскиото тело со двотретинско мнозинство да се прекине оваа расправа.
Во сенатот е воведено „правилото 22“, преку кое филибастергот се затвора со двотретинско мнозинство.
Светски рекорд, како што објави BBC, го поставиле јужнокорејските пратеници, кои непрекинато ја држеле говорницата 192 часа, со долги монолози и со читање на популарниот роман на Џорџ Орвел, „1984“. „Филибастерингот“ бил со цел да се блокира донесувањето на законот за мерки против тероризмот.