Познатиот музичар, Жељко Бебек зад себе има три брака и многу богат љубовен живот.
Тој денес ужива во бракот со 34 години помладата Ружица и покрај тоа што многумина не веруваа дека нивната љубов ќе опстане. Неговиот прв брак беше со Споменка со која ја има ќерката Силвија, а вториот со Сандра која му ја роди ќерката Бјанка. Во 2002 година по третпат се ожени со 34 години помладата Ружица и како што вели, сè уште ја сака како првиот ден.
Во 2003 година парот го доби синот Звонимир, а две години подоцна и ќерката Катарина.
Кога се заљубиле, Ружица имала 18 години, а Жељко 52. Разликата во годините всушност била единствената потенцијална препрека во нивната врска, меѓутоа љубовта покажала дека не знае за граници.
На почетокот, тие биле во тајна врска плашејќи се дека ќе наидат на осуда од околината. Жељко само сакал неговите деца да разберат и да не ја гледаат Ружица како конкуренција.
Тој тврди дека еднаш возел со 400km/h само за да ја види, а за последиците размислувал подоцна.
-Таа влезе во мојот живот и промени сè. Без оглед на тоа што беше млада и се уште немаше завршено факултет јас бев исклусен волк и сакав на животот да почнам да гледам поразлично – изјави Бебек за Ин Магазин.
-Да се запознаевме кога јас имав 18 години, денес би биле 50 години во брак, но таа се родила кога јас ја објавив песната „Битанга и принцеза“ – додаде тој во интервјуто за Ин Магазин.
Сите се сомневале дека нивната врска ќе успее
„Јас бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и преку дружбите сфативме дека си одговараме еден на друг. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, па тој ми се јавуваше на домашниот телефон или ми праќаше разгледници. Тоа беа долги телефонски разговори и така по некое време сфативме колку ни е убаво“, изјави Ружица своевремено.
Кога нејзините родители дознале за врската со Бебек, тие од почетокот им помагале.
„Жељко дојде да му каже на татко ми, но тие го прифатија тоа, работите на крај се случија на најдобар можен начин. Моите родители многу ни помагаа кога децата беа млади. Ние секогаш патувавме, а децата беа кај нив. Мислам дека сè беше како што треба“, заклучува таа, пишува Индекс хр.