Директорот на битолската болница, д-р Александар Обедниковски, утре ќе поднесе оставка од фунцкијата.
ММС го контактирше директорот, кој не сакајќи повеќе да објаснува само рече:
-Поднесувам оставка од морални причини, рече д-р Обедниковски
Оставката се случува по смртта на новороденчето, кои почина два часа откако било родено. Кон крајот на март, пак, шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија.
Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.
По смртта на Јана д-р Обедниковски за ММС рече:
-Не би сакале да се шпекулира, сепак дете е во прашање и нема потреба ништо да се крие. Не дека возрасните се помалку важни, но дете си е дете. Ние сме отворени за соработка, рече тогаш директорот Александар Обедниковски за ММС.
По смртта на малата Јана битолчани излегоа на протест, а истото го најавуваат и за утре. Но, овој пат ќе протестираат и за бебето, бидејќи како што неофицијално се инормираше денес на родилката и била дадена таблета за провокација на породувањето и била пуштена дома, место да биде под постојан лекарски надзор.