Британскиот стручњак за врски, Џејкоб Лукас на ТикТок објави видео во кое ги открива петте најчести проблеми со кои атрактивните жени се соочуваат кога одат на рандеву.
„Не е лесно да бидеш атрактивна жена кога одиш на состанок“, напиша тој под видеото на кое има околу 1,5 милиони прегледи и речиси 7500 допаѓања.
Несигурност и несоодветни сигнали
Како прв проблем, тој ја наведува несигурноста која мажите може да ја чувствуваат кога во нивно присуство има атрактивна жена. Лукас објаснува дека многу мажи тешко се носат со фактот дека другите би сакале да флертуваат со жената, а тоа води кон љубомора и кавги.
Вториот проблем, е тоа што многу мажи би можеле да мислат дека жената е надвор „од нивната лига“ и поради тоа не би се осмелиле да ѝ пријдат.
@jacoblucas101 Being an ATTRACTIVE WOMAN isn’t easy when dating! #datingcoach #relationshipcoach #dating #relationships #datingadvice #relationshipadvice #psychology #relationsh
♬ original sound – Jacob Lucas | Dating Coach
Како трет проблем, стручњакот ги наведува сигналите кои мажите погрешно би можеле да ги сфатат: „Кога се однесува само пријателски и се обидува да разговара со мажот, многумина би помислиле дека таа сака флерт, иако нејзината намера е можеби да има само пријателски разговор“, додава тој.
Фокусирање на изгледот
Четврто – кога еден маж излегува со привлечна жена, тоа може да го зголеми неговото его.
„Тогаш тој кон неа почнува да се однесува како таа да е вистинска среќничка што излегува со него, додека реалноста е сосема спротивна“, објаснува Лукас.
Како последен проблем, тој истакнува дека привлечните жени би можеле да добијат впечаток дека нивниот изглед се цени многу повеќе од нивните карактеристики.
„На една атрактивна жена, може да ѝ биде тешко да оствари сериозна врска со маж, бидејќи за жал, многумина би се фокусирале на нејзиниот изглед, наместо да ја запознаат нејзината личност“, заклучува тој.
Избор: www.index.hr