Пожарникарите од Свети Николе синоќа (09.04.2023) гаселе опожарено возило во дворот на сопственикот З.К.(58) од Свети Николе. Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 22.00 часот во двор на ул. „Трајан Циклев“ во Свети Николе настанал пожар во патничко моторно возило „волво“.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе, соопшти СВР Штип.
фото:архива