Организаторите на Европското фудбалско првенство 2024 објавија дека официјалната продажба на влезниците ќе почне на 3 октомври кога земјата домаќин го одбележува Денот на германско единствено и обединување на земјата во 1990 година.
ЕУРО2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во десет германски градови – Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Келн, Минхен и Штутгарт.
Како земја домаќин Германија ќе биде во групата А и ќе игра во воведниот натпревар на 14 јуни во Минхен.
Финалето ќе се игра точно еден месец подоцна во Берлин.
Жрепката за составот на групи е закажана за 2 декември оваа година.
МИА