Савана Чапин (28) му го кажала судбоносното „да“ на Крис, кој има 44 години.
Таа почнала да добива негативни коментари на сметка на нејзиниот иден сопруг, бидејќи таа изгледа како да е негова ќерка. Савана која е мајка на три деца, е само седум години постара од 21-годишната ќерка на Крис и тие тврдат дека се најдобри пријателки.
„Тизи на почетокот беше многу разочарана. Знам дека јас бев на приближно иста возраст како неа и доколку мојот татко дојдеше дома со девојка на слична возраст со мене, веројатно и јас ќе бев лута“, изјавила Савана за The Sun.
Таа раскажала дека за многу луѓе нивниот брак е неприфатлив. Овој необичен брачен пар е заедно четири години.
Савана и Крис се запознале кога таа се вработила како фризерка во неговиот салон. Во тој период, Крис се разведувал од тогашната сопруга, а Савана само што раскинала со партнерот. Честите средби во салонот придонеле тие да се поврзат на романтично ниво. Колегите на работа и пријателите ја нарекувале Савана „растурачка на бракови“, додека за Крис сметале дека е „злоставувач“ кога се дознало за нивната врска.
И покрај лошите коментари, тие се среќни заедно и сега имаат три деца. Најстарото дете на Крис, Тизи е доста блиска со Савана.
Двете млади жени имаат долга, брановидна руса коса, но и сличен вкус за мода. Тоа може да се забележи и преку нивните објави на социјалните мрежи каде што се гледа нивната неверојатна сличност.
Сепак, Савана и Крис добиваат негативни коментари на нивните заеднички фотографии.
Меѓу коментарите има и навреди во кои Крис е нарекуван „одвратен“. Савана и Крис разбираат зошто нивната врска е како под лупа, но остро го осудуваат тоа што луѓето им пишуваат невкусни работи на социјалните мрежи.
„Ние сме само едно големо семејство, не е важно кој што вели. Среќни сме и тоа е сè што е важно“, додала Савана.
Извор: zena.blic.rs