Депонираната оставка на директорот на ЕСМ Васко Ковачевски ќе ја разгледа Владата, но извесно е дека е формален чин, денеска откако му се заблагодари премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека битолчанецот Ковачевски од директорското место си заминува од лични причини.
На местото на Васко Ковачевски, доаѓа Васко Стефанов од АД Пошти и претходно од АВРМ и Водостопанство.
-Вработен сум во ЕСМ, прво ќе земам 20 одмор, а потоа новиот менаџмент треба да процени каде е моето место. Сакам да се посветам на семејството, на моите две деца, изјави Ковачевски.
На прашањето што смета дали успешно го водел ЕСМ, Ковачевски одговори дека за тоа зборуваат бројките и во дел на производство и во дел на финансиите.
Ковачевски рече дека работеле во специфични времиња на енергетска криза и потсети на октомври 2021 кога цела Европа беше соочена со енергетска криза, кога за 40 дена беше ставен во функција ТЕЦ Неготино како што рече „од заборавен објект го стави во функција и во континуирано производство на енергија’.
Во однос на незаконското повлекување на електрична енергија од европскиот систем, Ковачевски рече дека тоа не го направил ЕСМ.