Зои Миола (25) од Конектикат во САД чувствувала несигурност поради бојата на својата коса и само сакала да се вклопи во општеството каде за жал, често била навредувана бидејќи луѓето ја нарекувале „баба“.
Зои на само девет години ги добила првите бели влакна и ја молела мајка ѝ да почне да ѝ ја фарба косата. До 21 година, нејзината седа коса веќе била долга до рамењата па морала да го скрати преостанатиот темен дел од косата. Зои сега го сака својот специфичен изглед. Таа се шегува дека со нејзиното момче се како „оган и лед“.
„Сега не можам да бидам погорда на својата коса. Тоа не го прифаќав отсекогаш и немав самодоверба во врска со тоа. Сега тоа е моја особина која ме дефинира. Многумина мислат дека во прашање е фарба за коса, но всушност тоа е мојата природна боја“, изјавила Зои.
Нејзиниот татко, Ралф (52) првпат приметила дека таа има бели прамени коса кога имала девет години.
„Се сеќавам на тој момент. Мојот татко беше избезумен и се прашуваше што се случува со мене“, додала Зои.
Нејзината баба пак, првите бели влакна на својата коса ги забележала кога имала 14 години.
„Мојот татко секогаш ме потсетуваше на тоа колку е убава нашата седа коса. Во своите рани дваесетти, тој исто така имал целосно седа коса“, раскажала Зои.
Во интервју за Daily Star, таа споделила дека кога растела била многу несигурна поради косата и мајка ѝ редовно ја фарбала.
„Потоа се запишав во уметничко училиште, па секоја боја на коса беше прифатлива. Додека да се запишам на факултет, половина од мојата коса веќе беше седа. Потоа толку многу ми порасна што морав да го скратам делот кој беше во боја. Сепак, не се навикнав веднаш на тоа целата коса да ми биде седа, тоа и понатаму беше шок“, истакнала таа.
Инаку, ова е последица на генетска предиспозиција која таа ја наследила од татка си и од неговата мајка.
„Косата не ја мијам повеќе од еднаш неделно. Внимавам што ставам на неа. Не штедам на производи, тоа е мојата најдобра карактеристика па ќе се погрижам да биде во топ форма“, порачала Зои.
Извор: zena.blic.rs